Шеста Парада на гордоста / Скопје Прајд: „Ќе (оп) стоиме заедно!“
октомври 22, 2025

Под мотото „Ќе (оп) стоиме заедно!“, на 21 јуни, се одржа Шестата Парада на гордоста – Скопје Прајд 2025, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Настанот и оваа година беше јасно позициониран како протест, фокусиран на институционалното молчење, зголеменото насилство и системското бришење на ЛГБТИК+ заедницата.
Протестниот марш започна од паркот „Жена-борец“ и се движеше по нова рута кон Министерството за образование и Владата, каде беа упатени јасни пораки:
– Стоп за молкот за Кочани
– Стоп за игнорирањето на Законот за правно признавање на родот
– Стоп за воздржаноста пред глобалните неправди
– Стоп за игнорирањето на Законот за правно признавање на родот
– Стоп за воздржаноста пред глобалните неправди
Активистите истакнаа дека протестот е посветен на младите ЛГБТИК+ луѓе, чии идентитети се избришани од образованието и чија безбедност е загрозена. „Скопје Прајд е движење за заедништво, солидарност и радикална грижа“, беше порачано од протестот.
МВР и годинава обезбеди професионална поддршка, но како и претходните години Парадата предизвика многубројни случаи на говор на омраза.
Фото: Скопје Прајд
Поставени видеа
Шеста Парада на гордоста

