ноември 26, 2024
Кликај паметно, сурфај безбедно!
Лични податоци се сите информации кои се поврзани со одредена личност или може да помогнат биде идентификувана. Во лични податоци спаѓаат: име и презиме, матичен број на граѓанинот, лични документи, домашна адреса, електронска пошта, телефонски број, IP адреса, итн.
Личните податоци се клучот до вашата дигитална безбедност – чувајте го внимателно!
Прекршувањата на безбедноста личните податоци може да вклучува:
пристап од неовластено трето лице;
намерно или случајно дејство (или неактивност) од контролор или процесор;
испраќање лични податоци на неточен примач;
изгубени или украдени компјутерски уреди кои содржат лични податоци;
промена на лични податоци без дозвола;
губење на достапноста на личните податоци.
Не ги раздавајте вашите лични податоци!
Приватноста во онлајн просторот е основна компонента на нашата безбедност и слобода.
Во време кога дигитализацијата напредува, а податоците се собираат и разменуваат со леснотија, свеста за потенцијалните закани е од суштинско значење.
Не оставај несакани дигитални отпечатоци!
Заштитете ги вашите податоци – спречете неовластен пристап и злоупотреба!
Прекршувањето на безбедноста на податоците или нивна злоупотреба се случува кога на едно или повеќе лица им е дозволен пристап до податоци до кои не се овластени да пристапат.
Откако ќе можат да ги читаат податоците, можат да ги украдат и да прават промени во нив. Во зависност од видот на засегнатите податоци, последиците може да вклучуваат уништување или оштетување на базите на податоци, протекување доверливи информации, кражба на интелектуална сопственост и друго.
Креирајте силни, уникатни лозинки!
Со создавање силни и уникатни лозинки, можeтe значително да ја намaлите можноста од злоупотреба на вашите сметки и лични информации.
Користете лозинки што содржат комбинација од букви, броеви и специјални знаци и редовно менувајте ги лозинките.
За да се ублажат ризиците од можните закани од повреда на податоците и нивна кражба, постојат неколку методи за заштита на податоците од неовластен пристап и манипулација, како енкрипција, бекап и обновување, контрола на пристап, мрежна безбедност и физичка безбедност.
Заштитата на личните податоците е предуслов за дигитална безбедност.
Употребата на VPN (virtual private network) е корисно бидејќи обезбедува шифрирање на вашите податоци, што значи дека информациите се заштитени од неовластен пристап и анализа.
Покрај тоа, VPN ја маскира вашата IP адреса, што обезбедува анонимност и го намалува ризикот од следење онлајн.
Биди паметен, биди заштитен – користи VPN!
Заштитете се од Фишинг и Вишинг напади – фишинг е кога сајбер-криминалците користат измамнички е-пошта или пораки за да ве измамат да откриете лични или финансиски информации, додека вишингот вклучува лажни телефонски повици со иста цел.
Најдобрата одбрана е да се биде внимателен!
Правото на приватност ни овозможува контрола врз нашите лични и чувствителни информации, бидејќи ние одлучуваме кои детали за себе ќе ги откриеме, а кои и колку информации ќе ги ограничиме при споделувањето со другите.
Согледај ја целата слика, твојата приватност е суштинска.
Предупредувачки знаци за кражба на идентитет:
Добивање на кредитни картички за кои не сте аплицирале.
Трошоци на изводите од вашата банка или кредитна картичка кои не сте ги направиле.
Добивање опомени за наплата од компании за кои никогаш не сте слушнале.
Добивање известувања за одбивање за кредити за кои не сте аплицирале.
Добивање известувања за патувања кои не сте ги направиле.
Добивање наплати од агенции за долг кој не е ваш.
Не ги добивате вашите сметки или редовна пошта. (Крадецот на лични карти можеби ја сменил вашата адреса за наплата!)
Добивање неочекувани известувања од УЈП за непријавување на целиот ваш приход или известување дека добиле повеќе од една даночна пријава на ваше име.
Не биди само статистика, твојата приватност е твоја одговорност!
Намалете го значително ризикот од потенцијални измами во дигиталната сфера преку усвојување на некои основни практики:
• Постојано ажурирајте ги вашиот компјутер и мобилни уреди
• Користете антивирусен софтвер и заштита од малициозен софтвер на вашите компјутери – Сајбер-криминалците исто така користат технички напади за да вметнат вируси или малициозен софтвер и да го инфицираат вашиот уред со цел да ја преземат контролата.
• Користете силни лозинки и менувајте почесто
• Направете Back Up од податоците на вашиот компјутер и вашите мобилни уреди
• Имајте контрола над вашите информации – Не споделувајте по автоматизам броеви на сметки, информации за кредитна или дебитна картичка или други високо чувствителни информации.
Заштити ја својата дигитална тврдина – твоите податоци заслужуваат дигитален штит
Седум клучни принципи кои треба да се следат кога се собираат и обработуваат лични податоци:
Законитост, правичност и транспарентност: Податоците треба да се обработуваат легално и чесно, и луѓето треба да знаат како нивните информации се користат.
Ограничување на целта: Податоците треба да се собираат за јасно дефинирани и легитимни цели, и да не се користат на начин што не е во согласност со тие цели.
Минимално прибирање: Да се собираат само оние податоци што се неопходни за целта.
Точност: Податоците треба да бидат точни и, каде е потребно, да се ажурираат.
Ограничување на складирањето: Податоците не треба да се чуваат подолго отколку што е потребно.
Интегритет и доверливост: Податоците треба да се чуваат безбедно, за да се спречи неовластен пристап или оштетување.
Одговорност: Организациите кои собираат и обработуваат лични податоци треба да можат да покажат дека ги следат овие принципи.
Вашиот дигитален отпечаток може да биде вечен, затоа внимателно споделувајте!
Со погрешен клик може да станете жртва на злоупотреба на лични податоци. Тоа подразбира „прекршување или злоупотреба на безбедноста што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до лични податоци“.
Размисли пред да кликнеш!