Да ја менуваме перцепцијата за да го елиминираме насилството врз жените и родово базираната дискриминација!
јуни 29, 2022
Да ја менуваме перцепцијата за да го елиминираме насилството врз жените и родово базираната дискриминација!
Да не ги учиме децата дека насилството е нормален начин на комуникација. Перцепциите се всадуваат, но и се менуваат уште од мали нозе.
Борбата против родово базирано насилство е борба за посреќни деца и подобар свет.
Поддржано од Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.
Мислењата изразени во ова видео не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.
Родово базираните стереотипи и родово базираното насилство се пренесуваат од колено на колено и се дел од нашата традиција. Да ја менуваме перцепцијата за да ја елиминираме дискриминацијата и насилството!
Да се обвинува жртвата за однесувањето на насилникот е производ на вкоренетите стереотипи за жените. Да ја менуваме перцепцијата за да ја елиминираме родово базираната дискриминација и насилството!
Само околу 28% од жените во земјава поседуваат имот, а во руралните средини само 5% од жените имаат имот на свое име (најчесто вдовици).
Традиционалните перцепции за местото на жените во општеството директно водат кон нивна економска зависност од машките членови на семејството. Тоа придонесува да се трпи насилство во домот и ја потхранува нееднаквоста меѓу мажите и жените во сите сфери од животот.
Во народните песни се опеваат и фемицидите, но тоа не значи дека треба да ги перцепираме како нормална појава, само затоа што се дел од традицијата.
,,Се знае што работи женско во куќа. Ако не, ќотек и надвор!’’. Поразително е кога малите деца ги повторуваат зборовите на возрасните, полни со предрасуди кон жените. Да го прекинеме овој круг, за да не ја пренесуваме родово базираната дискриминација и насилство од генерација на генерација.
…
Кампањата е поддржана од страна на Balkan Trust for Democracy, проект на The German Marshall Fund of the United States и Norwegian Ministry of Foreign Affairs.
Мислењата изразени во ова видео не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Американски Држави или на нивните партнери.