Од улица, повторно на улица – социјални случаи ќе останат без државните живеалишта, а власта вели ќе им најде работа

март 30, 2022

Линк до оригиналната статија

На само шест километри од центарот на Скопје, во село Визбегово – цела една депонија. Од остатоци од храна, па сè до парчиња облека кои висат од контејнерот, кој не е доволен за да го собере целиот отпад. А, на само неколку метри од ова, бројни човечки судбини. Овие луѓе живеат тука неколку години, но ќе треба да соберат сè што имаат и да се отселат. Барем така им велат надлежните.

БЕЗ НИШТО САКААТ ДА НЀ ИЗВАДАТ ОД ДОМОВИТЕ. ОД УЛИЦА НЀ ЗЕМАЛЕ, НА УЛИЦА САКААТ ДА НЀ ВРАТАТ. А, НИЕ ПРИВАТНО СИ РАБОТИМЕ, СО ШИШИЊА, ХАРТИЈА, ПО КОНТЕЈНЕРИ, ВЕЛИ ЕРЏАН БЕКИР.

НАШИТЕ ДЕЦА ДА ОДАТ И ДА ПРОСАТ ПАК?! ИЛИ ДА КРАДАТ?! ДА НЍ ГИ ЗАТВОРАТ НАШИТЕ ДЕЦА?! НИЕ ОД ТУКА НЕ ИЗЛЕГУВАМЕ ПА И СО ПОЛИЦИЈА АКО САКААТ НЕКА ДОЈДАТ. НЕ ИЗЛЕГУВАМЕ, ПА ШТО САКААТ НЕКА ПРАВАТ. НЕ ИЗЛЕГУВАМЕ ОД ТУКА, ВЕЛИ ДУДИ АСАН.

 

 

 

Тоа што дел од луѓето овде работат и прибираат шишиња, ѓубре, рециклираат, препродаваат и што сè не прават – не значи дека можат да ги издржуваат семејствата и дека државата треба да се откаже од нив. Ова го велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, заедно со тврдењето дека овие луѓе се обидуваат на секаков начин да се оттргнат од канџите на сиромаштијата.

ОВИЕ СЕМЕЈСТВА СЕ ОБИДУВААТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД СОЦИЈАЛНИОТ РИЗИК ВО КОЈШТО СЕ НАОЃААТ. НИВНИТЕ ДЕЦА РЕДОВНО ГО ПОСЕТУВААТ УЧИЛИШТЕТО, НЕКОИ ОД ЛУЃЕТО РАБОТАТ ПРИВАТНО СО СЕКУНДАРНИ СУРОВИНИ, НЕКОИ И СЕ ВРАБОТЕНИ. НА ТОЈ НАЧИН СЕ ОБИДУВААТ ДА ОБЕЗБЕДАТ ЕДНА ЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ И ЕКОНОМСКА НЕЗАВИСНОСТ. ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТИЕ СЕ СПОСОБНИ И ДЕКА МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ БЕЗ ПОДДРШКА ВО МОМЕНТОВ И ДЕКА МОЖАТ ДА ГИ ИЗДРЖУВААТ МНОГУДЕТНИТЕ СЕМЕЈСТВА НА ТОЈ НАЧИН, ВЕЛИ ТОНА КАРЕВА, ПРАВНА СОВЕТНИЧКА ВО ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ.

Но, од Труд и социјала потенцираат – Законот е јасен и луѓето коишто живеат овде не можат да гледаат на овие трошни државни градби како на нивно постојано живеалиште. Семејствата коишто имаат по некој вработен член веќе не се сметаат како да се од социјален ризик, без разлика на тоа колкава плата земаат.

НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД СЕМЕЈСТВАТА СИ ИМААТ ЛИЧНИ КАРТИ И АДРЕСИ НА ЖИВЕЕЊЕ ВО РАЗЛИЧНИ ОПШТИНИ ВО ДРЖАВАТА. МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА Е НАДЛЕЖНО ЗА ПРИВРЕМЕНО ЗГРИЖУВАЊЕ, МЕЃУТОА ДОМУВАЊЕТО Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНИТЕ. СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА ОВИЕ ДОМАЌИНСТВА СИ ИМААТ ЛИЧНИ КАРТИ И АДРЕСА НА ЖИВЕЕЊЕ ВО СООДВЕТНИ ОПШТИНИ, ОПШТИНИТЕ ТРЕБА ДА СИ ПРЕЗЕМАТ ДЕЛ ОД ОДГОВОРНОСТА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕВСКА.

Министерката за труд и социјала, вели дека новиот и промовиран Оперативен план за вработување предвидува токму за приматели на социјална помош да се најде работа. Но, не и дом. Луѓето овде остануваат барем уште некое време, додека да ги добијат Решенијата дека мора да ги напуштат сегашните живеалишта и некој не дојде да ги избрка.