Дрпљанин од Хелсиншки: Криминалот од омраза не е случаен, туку е насилна манифестација на поделби, стереотипи и предрасуди

јуни 5, 2021

Негативната „традиција“ бројот на пријавените злосторства од омраза вообичаено да надминува три цифри, од кои злосторствата на етничка и политичка основа се особено бројни, продолжи и во текот на пандемиската 2020 година, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

 

 

Комитетот има регистрирано вкупно 104 вакви инциденти.

Под „криминал од омраза“ во извештајот се подразбира злосторство мотивирано од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството. Следствено, се вели во соопштението, секој може да биде жртва на злосторство од омраза, иако најчестите жртви се членови на ранливите заедници.

Методологијата за пријавување на злосторствата од омраза применета во извештајот, стои во соопштението од Хелсиншот комитет, се состои од учење од минатите искуства и податоци, одржување интерактивна веб-страница за пријавување на злосторства од омраза, мониторинг на националните печатени и електронски медиуми и пријавување и двојна проверка на злосторствата и инцидентите од омраза со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Вилдан Дрпљанин од Хелсиншкиот комитет за Утрински брифинг изјави дека минатата година има намалување, односно 104 инциденти, додека во 2019 имаше 159.

Со оглед на тоа дека речиси целата година имаше рестрикции во однос на движењето, иамше помалку интеракција помеѓу луѓето, сепак бројката од 104 инциденти е огромна, плус и податокот дека училиштата и автобуските постојки, најголем дел од младите кои низ годините се покажаа и како најчести жртви и сторители, не беа во училиште. Земјаќи во предвид дека и во такви околности малдите сепак наоѓаат начин како да бидат учесници во делот од омразата, значи станува збор за сериозен проблем кој треба побрзо и посериозно да се третира, вели Дрпљанин.

-Инцидентите беа регистрирани веднаш по нивното пријавување од страна на медиумите или Министерството за внатрешни работи. Истовремено, 37 инциденти (36 проценти) беа потврдени, додека 67 (64 проценти) сè уште се непотврдени. Повеќето непотврдени случаи се поврзани со ситуации каде според другите индикатори постои основа за верување дека овие пристрасни инциденти се мотивирани од етничката припадност на жртвата, појаснува Дрпљанин и додава дека и годинава во месеците јануари, февруари, март и април трендот на говорот на омраза продолжува речиси исто како во 2020.

Целиот разговор со Вилдан Дрпљанин од Хелсиншкиот комитет погледнете го во видеото: