Барање за бесплатна правна помош

Хелсиншкиот комитет е овластено здружение за обезбедување на правна помош, запишано во државниот Регистар на даватели на претходна правна помош.

Доколку имате потреба од бесплатна правна помош, можете да се јавите на бесплатниот телефонски број 0800 44 222. Доколку по разговорот ви е потребна понатамошна помош, можете да преземете и пополните Барање за бесплатна правна помош како и во нашата канцеларија. Заедно со барањето, доставете и копии од сите документи поврзани со Вашиот предмет. Доколку не сте во можност да копирате, тоа ќе го сториме во нашата канцеларија. По испраќањето на барањето по пошта, електронска пошта, или негово поднесување во нашата канцеларија, ќе Ви биде определен правен советник кој ќе работи на Вашиот предмет.

Во зависност од предметот и доколку сте согласни, Хелсиншкиот комитет може да обезбеди советување, поддршка и помош при составување писмена пред државните органи и информирање на јавноста при потешки повреди на правата.

Хелсиншкиот комитет обезбедува правна помош во следниве области:

  • Заштита од дискриминација
  • Право на живот
  • Заштита од мачење и малтретирање
  • Заштита од неправично лишување од слобода
  • Права од социјална заштита
  • Права на лица со физички, ментални, интелектуални или сетилни нарушувања
  • Еднаквост меѓу мажите и жените
  • Работнички права
  • Право на вероисповест
  • Слобода на говор и информирање
  • Заштита на личните податоци и приватноста
  • Слобода на здружување и протест
  • Слобода на движење
  • Право на здравствена заштита
  • Права на деца и младинци
  • Право на образование
  • Права на припадници на заедниците
  • Заштита од семејно насилство
  • Право на правично судење во разумен рок
  • Право на азил
  • Права поврзани со изборите

Хелсиншкиот комитет не обезбедува правна помош во овие области:

  • Право на сопственост (освен доколку не е нарушено од страна на државата)
  • Финансиски обврски (освен при очигледни неправилности или загрозување на социјална заштита)
  • Заштита на семејството (освен при семејно насилство и повреда на правата на детето)
  • Договорни односи помеѓу физички и правни лица (освен кога се нарушени од државата)
  • Авторски права и индустриска сопственост
  • Постапки за стечај
  • Пензиско и инвалидско осигурување (освен при повреди на права од страна на државата)
  • Прекршоци (освен при повреди на права од страна на државата)
  • Права и обврски на политички партии

Видео

Дали работодавачот смее да исплаќа плата што е помала од минималната плата?

Дали фирмите се ослободени од плаќање плати и придонеси поради пандемијата?

Дали работодавачот смее да исплаќа плата што е помала од минималната плата?

Дали фирмите се ослободени од плаќање плати и придонеси поради пандемијата?

Дали моите средства во вториот пензиски фонд се сигурни?

Дали средствата од вториот пензиски столб можам да ги користам доколку не остварам право на пензија?

Добив отказ од фирмата поради корона вирусот. Дали имам право на оштета?

Дали работодавачот има обврска да им исплати плати и придонеси на лицата кои се во самоизолација?

Каде и кога се даваат документи за оштета при повреда на работно место?

Дали смее работодавачот да му одбие денови од годишниот одмор на работникот поради корона вирусот?

Дали работодавачите се ослободени од плаќање плати и придонеси поради пандемијата?

Дали хронично болните кои се ослободени од работните обврски поради пандемијата може да добијат пониска плата?

Дали газдата може да ми пушти плата од 5 000 денари?

Дали ако сум на боледување работодавачот може да ми ја намали платата и да ми земе денови од одмор?