Месечен информатор за дискриминација за март 2020

април 23, 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.

Во март 2020 забележани се седум случаи на нееднаков третман. Како реакција на дискриминаторски однос, нотиран е еден протест и седум соопштенија на граѓански организации, а изостанува осуда од страна на функционери или мислење на Народниот правобранител. Со оглед дека е неизвесно кога ќе биде формирана новата Комисија за заштита од дискриминација, граѓаните и понатаму остануваат без тој важен заштитен механизам.

 За повеќе детали околу регистрираните случаи на дискриминација во март, преземете го инфографикот подолу: