Извештај на спроведувањето на Препораката CM Rec (2010)5 на Совет на Европа

септември 5, 2018

Извештајот е приказ за тоа колку државата ја имплементира Препораката на Совет на Европа во борбата против дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Оваа препорака претставува многу значаен документ за ЛГБТИ луѓето како прв меѓународен правен инструмент кој се однесува исклучиво на дискриминацијата врз овие основи. Извештајот ги прикажува клучните наоди од проценката на напредокот во спроведувањето на оваа Препорака од страна на државата и дава конкретни препораки до Владата на Република Македонија за преземање приоритетни мерки.