ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ЗА ВРЕМЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ АВГУСТ И СЕПТЕМВРИ 2025
март 31, 2026

Овој извештај дава преглед на регистрираните случаи на говор на омраза во месец август и септември 2025, со посебен фокус на динамиката поврзана со предизборниот контекст за локалните избори 2025. Како и во претходните изборни процеси, изборната атмосфера повторно создаде зголемена поларизација и зголемен ризик од поттикнување дискриминација, насилство и нетрпеливост.