Двомесечен извештај за човековите права во Република Македонија

јуни 17, 2014

Двомесечниот извештај за состојбата со човековите права во Република Македонија за месец април и мај 2014 година ги опфаќа следните теми: Повреди на правото на протест и јавен собир на здружението на граѓани УНИТ и други, Повреди на избирачко право за време на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори, Негирање на граѓанско-политичките права на членовите на опозициските партии, Институционален притисок врз медиумите „Телма“ и „24 вести“, Дваесет и осум инциденти сторени од омраза, Демонстрации во населбата Ѓорче Петров, Полициска бруталност врз малолетни деца Роми, Примена на новите одредби од Законот за високо образование при Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Државата против Јован Вранишковски и други, Државата против Дејан Ставриќ, Товарот на докажување како пречка во судска постапка за дискриминација по основ на политичка припадност и Улогата на јавниот обвинител во случајот „Монструм“.