СОСТОЈБАТА СО ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2025 ГОДИНA

септември 29, 2025

Во првата половина од 2025 година, платформата govornaomraza.mk регистрираше висок број случаи на говор на омраза и вознемирувачки говор, при што најзастапени беа содржини насочени кон етничка и национална припадност, како и кон ЛГБТИК+ заедницата. Политичките настани, изборите и Парадата на гордоста дополнително го поттикнаа зголемувањето на навредливи и
дискриминаторски содржини.

Истовремено, проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза“ придонесе за градење институционални капацитети, зајакнување на граѓанското
општество и изработка на клучни анализи и јавни политики.

Овој бриф ги обединува наодите од мониторингот и резултатите од проектот за да понуди интегриран преглед и препораки за системски пристап кон справување со говорот на омраза.