СКОПЈЕ ПРАЈД 2024: СПЕКТАКУЛАРНО НЕПОСЛУШНИ

јули 19, 2024

Скопје Прајд 2024, одржан на 22 јуни 2024, претставуваше силна изјава за видливоста, солидарноста и отпорот на ЛГБТИQ+ заедницата. Настанот беше успешно организиран и покажа
високо ниво на институционална соработка, јавна поддршка и безбедносна координација. И покрај позитивниот исход, беше забележан значителен пораст на говор на омраза, особено онлајн, што укажува на потребата од засилени институционални механизми за превенција и одговор.

Скопје Прајд 2024 се одржа под слоганот „СПЕКТАКУЛАРНО НЕПОСЛУШНИ“, кој ја одразува
нашата непокорност кон хетеропатријархалните норми и ја слави живописната и единствена природа на ЛГБТИК+ заедницата. „Непослушни“ ја симболизира нашата борба против системската
угнетеност, додека „спектакуларно“ ги истакнува разнобојните и радосни аспекти на нашата заедница.