СОСТОЈБАТА СО ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО 2023 ГОДИНА
јануари 18, 2024

Во 2023 година на платформата www.govornaomraza.mk беа регистрирани 1171 пријава за говор на
омраза. Најголем дел од пријавите се однесуваат на етничка припадност (646), сексуална ориентација и родов идентитет (248), национална припадност (275), политичко уверување (149) и род и пол (80).
Говорот на омраза особено се интензивираше за време на настани со висока видливост како што се Скопје Прајд, спортски натпревари и јавни изјави на политички актери. И покрај бројните пријави, институционалниот одговор остана слаб – обвинителството речиси воопшто не презема активности по службена должност.


