Вкупно регистрирани пријави на говор на омраза во 2022 година
декември 26, 2022
Во текот на 2022 година, продолжува интензивниот говор на омраза по повеќе основи.
Во рамки на проектот – Против говор на омраза во Западен Балкан, поддржан од CIVIL RIGHTS DEFENDERS регистриравме случаи на говор на омраза.
Имено, на платформата https://www.govornaomraza.mk/ регистрирани се вкупно 145 пријави. Од овие 35% од пријавите, односно 61 пријава се однесуваат на говор на омраза врз основа на политичка припадност, 29% од пријавите, односно 51 пријава се однесуваат на говор на омраза врз основа на етничка припадност, 21% од пријавите, односно 37 пријави се однесуваат на говорот на омраза врз основа на сексулана ориентација, а 5%, односно 8 од пријавите се однесуваат на говор на омраза врз основа на пол и род.