Работнички обединете се!
февруари 17, 2022
Целта на овој проект беше обезбедување на подобар пристап до правда во случаите на дискриминација врз жените на работно место, подобрен систем на заштита од дискриминација на жените на работното место, како и подигнување на свеста на јавноста за состојбата со дискриминација врз жените на работното место и употреба на заштитните механизми. Преку овој проект Хелсиншкиот комитет успеа да обезбеди бесплатна правна помош за жени и девојки жртви на родово базирано насилство, вклучително и нивно застапување пред надлежните судови. Исто така, Комитетот работеше на подигање на јавната свест, особено кај жените и девојчињата во врска со нивните права и достапните заштитни механизми во случаи на претрпена дискриминација на работното место.