Елиминирање на родовата нееднаквост преку институционални и дигитални интервенции

февруари 17, 2022

 

Целта на овој проект беше да придонесе кон елиминација на родовата нееднаквост во Македонија, преку низа интервенции и активности на три нивоа: институционално, дигитално и законодавно ниво. Дел од овие активности опфатија обуки за вработените во институциите во однос на одредбите и стандардите предвидени со Истанбулската конвенција; обезбедување бесплатна правна помош на жртви на родово базирано насилство и со тоа гарантирање на непречен пристап до правда, како и информирање за нивните права; и активности што придонесуваат во борбата против мизогиниот говор на омраза во дигиталните и печатени медиуми, и против несоодветниот одговор на надлежните институции во нивниот обид да го спречат ваквиот говор. Адресирањето на постојните проблеми на институционално, законодавно и дигитално ниво имаше за цел да придонесе кон подобрување на положбата на жените во општеството, во насока на намалување на родово базираното насилство и дискриминацијата и промена на ставовите кон жените, воопшто.