Против говорот на омраза во Западен Балкан
септември 11, 2021
За време на пандемијата имаше евидентен пораст на говорот на омраза низ регионот на Западен Балкан и станува очигледно дека јавната свест за препознавање на различни форми на дискриминација и можноста за нејзино спречување и заштита е ниска, особено во однос на здравствената криза со каква што досега не сме се соочиле. Според сопствената мониторинг анализа и регионалното мапирање, Хелсиншкиот комитет регистрираше удвојување на говорот на омраза од појавата на пандемијата – особено говорот на омраза кон групите во неповолна положба. Оттука произлегува потребата од подигање на свеста и кампањи во текот на кризата и во периодот после кризата. Врз основа на мониторингот на Хелсиншкиот комитет на основните права наспроти ширењето на пандемијата во земјата и последователните мерки за ублажување, успеавме да произведеме оригинални податоци, кои суштински ќе придонесат за јакнење на толеранцијата кај граѓаните. Конечно, на носителите на одлуки ќе им биде претставен сет на конкретни политики, вклучително и комуникација со јавноста.
Според нашето мапирање во регионот, нивото на ангажираност на граѓанските организации во следењето и анализата на говорот на омраза е недоволен, па затоа и нивото на добиени податоци е ниско. Хелсиншкиот комитет за човекови права успеа да ги идентификува клучните партнери во три други земји од Западен Балкан, кои се подготвени да се вклучат и да учествуваат во спроведувањето на проектот. Затоа, беше воспоставена соработка со: YUCOM – Комитет на правници за човекови права (https://en.yucom.org.rs/) – Србија Албански Хелсиншки комитет (https://ahc.org.al/) – Албанска младинска иницијатива за човекови права (https://yihr.org/) – Косово. Овие организации беа стратешки избрани за да овозможат широка регионална покриеност и застапеност, со цел да се овозможи квалитетна проценка на говорот на омраза и размена на најдобри практики/опции за политики во регионот