Месечен информатор за дискриминација – декември 2020

февруари 1, 2021

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.

Девет случаи на нееднаков третман се регистрирани во текот на декември 2020 година, а сите 19 забележани реакции се од страна на граѓанските здруженија.