април 28, 2021

Мониторинг-извештај за проектот ,,Работнички, обединете се!” во рамки на акцијата „Унапредување на работничките права на жените“

Мониторинг-извештајот за проектот Работнички, обединете се!, во рамки на акцијата „Унапредување на работничките права на жените“, збирно ја претставува состојбата со работничките права на жените во Република Северна Македонија, од аспект на родова дискриминација на работно место, со оглед на тоа дека во услови на пандемија со ковид-19 беше потенцирана нишката на повреда на работничките права на жените работнички, сторувањето на дискриминација, и воопшто позицијата на жената во областа на работните односи.

Заканата за здравјето и воопшто животниот тек, предизвикани од кризата со ковид-19 и мерките за спречување и заштита од неа, во исто време парадоксално ја потенцираа и улогата на жената во повеќе сфери на општественото живеење, воедно и во онаа на трудот, работата и работните односи, со оглед на тоа дека во најголем дел од т.н. есенцијални професии (како на пример во прехранбена, текстилна и здравствена индустрија), токму жените работнички го вложуваат својот труд. Додека од друга страна, експлоатацијата на женскиот труд во рамки на воспоставените работни односи често се проширува кон генерална експлоатација на женската позиција. Спефичните разлики кои ја прават жената работничка ранлива на услови во кои нејзиниот личен статус, најчесто поврзан со нејзината лична добросостојба, станува место на повреда и на работничките права и на сторување дискриминација, имено, на кршење на основниот принцип на еднаквост. Случаите кои беа следени и обработени ги поткрепуваат претходните тези. Во прилог, прегледот на европското и националното законодавство, ја поддржува потребата од ефективна заштита и преку нормативната рамка и преку заштитните механизми, со оглед на тоа дека веќе постојат стандарди и добри практики кои може да го трасираат патот до побезбедни работни односи и заштитени работнички права.

Документи