Инфографик за обезбедена правна помош во случаи на дискриминација
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство го спроведува проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и диверзитет“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на инфографици кои имаат за цел да ја информираат јавноста за пријавените случаи на дискриминација од страна на граѓаните во Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и постапувањето по истите.