октомври 13, 2015

Бела книга за состојбата со говор на омраза во Република Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го спроведe проектот „Интернет-платформа за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор и медиумите“. Дел од активностите на овој проект што Хелсиншкиот комитет треба да ги спроведе се однесуваат на набљудување, бележење и известување за говор на омраза во јавниот простор и медиумите во реално време.

Една од активностите е Белата книга за состојбата со говор на омраза во Република Македонија која нуди различни законодавни и институционални мерки, кои треба да се преземат со цел да се подобри квалитетот на пристапот до правда за жртвите на говорот на омраза и мерки за превенција.

Документи