декември 25, 2023

Анализа на говорот на омраза во земјите на Западен Балкан

Хелсиншкиот комитет за човекови права во моментов спроведува проект „Против говорот на омраза во Западен Балкан“ подржан од CIVIL RIGHTS DEFENDERS чија главна цел е да се зајакне капацитетот на граѓанските организации да го следат говорот на омраза преку застапување засновано на докази и ангажман на целната група во Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Србија и Косово), како и да се подигне свеста кај општата јавност да го препознае и пријави онлајн говорот на омраза преку онлајн јавна кампања заснована на систематско следење на говорот на омраза.

За таа цел во проектот спроведуван од Хелсиншкиот комитет за човекови права беше предвидена активност каде што еден национален експерт изготви регионален документ за политики за застапување против говорот на омраза во земјите на Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Србија и Косово).

Документот опфаќа анализа на најдобрите практики на ЕУ и научените лекции (особено од законодавен и институционален одговор) и дава можност да се разбере како членството во ЕУ влијае на законодавството во однос на говорот на омраза.

Документот се фокусира на:
→ регионална правна анализа за потребните измени во законодавството во однос на спроведување на правната регулатива на ЕУ и најдобрите практики на ЕУ во областа на говорот на омраза;

→ да се претстави сегашната институционална поставеност во регионот и кои национални заштитни механизми се достапни против говорот на омраза; и

→ да даде сет на препораки за понатамошно унапредување на областа говор на омраза врз основа на собраните податоци во текот на анализата и проектот.

Анализата ги опфати:
→ моменталната состојба на работите (поставен механизам, вклучени главни актери, улоги, интеракција, ефективност) во однос на релевантните меѓународни стандарди;

→ повикување на меѓународни практики и искуства кои би можеле да бидат релевантни како добри практики или научени лекции

→ постоечките недостатоци и предизвици;

→ можни решенија и пристапи за подобрување на координацијата и ефективноста во борбата против говорот на омраза;

Документот вклучува анализа на релевантното законодавство, добри трендови, недостатоци и предизвици, формулирање на препораките врз основа на стандардите и најдобрите практики на ЕУ и Советот на Европа и идентификување на потенцијални стратегии за ублажување кои би можеле да се поддржат преку проектот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, преставувајќи ја институциналната поставеност во регионот и постоењето на заштитни механизми за борба против говорот на омразата.

Главната цел на документот е да даде низа на препораки за понатамошно унапредување на областа говор на омраза врз основа на собраните податоци во текот на анализата и проектот.

Документи