Средношколскиот сојуз и Националниот младински сојуз на Македонија потпишаа меморандум за соработка со Хелсиншкиот комитет за побезбеден интернет простор за младите
март 4, 2024
Социјалните мрежи и интернет просторот носат ризици од злоупотреба на податоците, насилство и вознемирување особено кај младите, со оглед на тоа што тие се најмногубројни корисници. Од исклучителна важност е да се зголемува нивото на едукација кај младите луѓе за побезбедно користење на интернет и избегнувањето на ризиците.
Хелсиншкиот комитет за човекови права со Средношколскиот сојуз на Македонија и со Националниот младински сојуз на Македонија потпишаа меморандум со кој се предвидува соработка со цел да се унапредат човековите права, позицијата на младите, да се овозможи поголема безбедност за младите во дигиталниот простор, како и да се зголемат знаењата нивните знаења за дигиталните права.
Заедничките активности ќе се реализираат преку спроведување на истражувања, анализи, организирање на летни школи и обуки, како и застапување пред релевантните институции за унапредување на правата и бебедноста на младите во дигиталниот простор и други младински права.
Овие активности се реализираат за потребите на проектот „Креирање на побезбедна дигитална средина за младите“, поддржан од СМАРТ Балкан.
Креирањето на безбеден дигитален и интернет простор за младите треба да биде приоритет за секоја држава.