Соработка со Клубот на млади лекари во обработката на пријави за прекршени здравствени права
По објавата на документарниот филм ,,Нечиста крв’’, во Истражувачката репортерска лабораторија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници, досега пристигнаа повеќе од 150 пријави од граѓани за прекршување на здравствените права. На заедничкиот тим, формиран за процесирање на случаите, од денеска се приклучи и Клубот на млади лекари со цел да ја понуди својата медицинска експертиза за сеопфатна обработка на предметите. Целта на оваа соработка е зајакнување на заедничкиот систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните.
Пријавите и доставените документи се разгледуваат детално и со должно внимание, а веќе почнавме да ги контактираме и граѓаните внесени во заедничката база на податоци.
Со оглед на големиот број пријави со кој се соочуваме по објавувањето на документарниот филм, нашите организации навремено ќе преземат дејствија и сите граѓани кои се обратиле ќе бидат контактирани во наредниот период. Тимот кој постапува по пријавите навремено и транспарентно ќе ја известува и ќе ја информира јавноста за сите преземени дејствија и мерки, а дополнително ќе го следиме и постапувањето на надлежните институции.
Воедно, ги охрабруваме и останатите граѓани со документацијата што ја поседуваат, да пријават во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во Македонското здружение на млади правници:
ИРЛ – Булевар Илинден 47-2, 1000 Скопје; irlmacedonia@irl.mk.
Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска natasha.petkovska@mhc.org.mk; Ина Џугуманова ina.dzugumanova@mhc.org.mk; Тона Карева tona.kareva@mhc.org.mk; Славица Анастасовска slavica.anastasovska@mhc.org.mk.
Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, vdislijovska@myla.org.mk.