Повик за учесници: Тренинг за унапредување на политичката репрезентација на ЛГБТИК+
февруари 15, 2024
Датум: 23 март 2024
Дали сте лидер или активист во политичка партија и честопати сте се нашле во дебата или дилема дали треба и зошто треба ЛГБТИК+ прашањата да земат место во вашата политичка платформа? Дали сакате да дознаете повеќе за суштината на барањата на ЛГБТИК+ заедницата и да ги запознаете оние кои се застапуваат за нив? Дали би ви помогнало да разговарате со жртва на ЛГБТИК+ насилство и да ја слушнете нивната страна од приказната? Придружете ни се на еднодневен тренинг чија цел е да ги поттикне лидерите и партиските активисти да ја развиваат дебатата за овие теми во рамки на нивните политички платформи.
Цели на обуката:
· Поголемо разбирање за поврзаноста на политичките/партиски програми со правата, предизвиците, приоритетите и потребите на ЛГБТИК+ заедницата во Северна Македонија
· Меѓусебно запознавање и учење за можностите за градење сојузи помеѓу политичките активисти, особено жените и младите лидери, со ЛГБТИК+ движењето
· Развивање на препораки за вметнување на политики за унапредување на правата на ЛГБТИК+ во рамките на политичките платформи
· Стекнување знаења за сексуалната ориентација, родовиот идентитет и родовото изразување
Датум и време:
· Датум: 23 март 2024
· Време: 9:00 до 16:30 часот
Локација: Социјално-културен центар „Комитет“
Кој може да учествува:
· Лидери и активисти активни во политички партии
Како да аплицирате: Доколку сте заинтересирани да учествувате, ве молиме пополнете го формуларот за апликација до 29ти февруари. Успешните апликанти ќе бидат известени преку мејл до 10ти март. Бројот на учесници е ограничен. При селектирањето на учесниците ќе внимаваме на различност на учесниците во смисла на различните родови идентификации, сексуална ориентација, политичката определба како и мотивацијата за учество во тренингот.
Краен рок за пријавување: 29ти февруари.
Забелешка: Ве молиме имајте во предвид дека учеството во тренингот и материјалите кои ќе се употребуваат за време на тренингот се целосно бесплатни. Останатите трошоци како што се храна за време на тренингот, сместување и пат се на трошок на учесниците.
За прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте го координаторот на проектот Љубомир Фаизов на ljubomir.faizov@lgbti.mk .
Со нетрпение го очекуваме вашето активно учество на оваа обука насочена кон поттикнување на поголема инклузивност и застапеност на ЛГБТИК+ заедницата во политичката сфера!
Со почит,
Љубомир Фаизов, проектен координатор во ЛГБТИ Центарот за поддршка / Хелсиншки Комитет за човекови права – Скопје.
Тренингот е дел од проектот „Политичко охрабрување на ЛГБТИК+ луѓето во Република Северна Македонија“ кој го спроведува ЛГБТИ Центарот за поддршка / Хелсиншки Комитет за човекови права – Скопје во партнерство со Коалиција Маргини, а поддржан од страна на LGBTQ Victory Institute, Inc.