Повик за прибирачи на податоци – ЛГБТИ истражување
октомври 21, 2020
Општи информации
Хелсиншкиот комитет за човекови права – ЛГБТИ Центар за поддршка во рамките на проектот „Унапредување на човековите права и слободи на ЛГБТИ лицата во Македонија“, финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Кралството Холандија, а за целите на спроведување на истражување за проблемите и потребите на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија, објавува повик за прибирачи на податоци. Главната цел на проектот е да ги унапреди човековите права и слободи на ЛГБТИ луѓето во македонското општество.
Работни задачи:
- Задолжително присуство на тренинг за прибирачи на податоци спроведен од експертот кој ќе го спроведува истражувањето
- Прибирање на податоци врз основа на методологијата изработена од страна на експертот – истражувач (прашалници)
- Уредно доставување на пополнетите прашалници до експертот – истражувач во однапред договорен рок
- Редовна комуникација со експертот – истражувач и проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Етички напомени
Прибирачите на податоци се обврзуваат коректно да ги прибираат податоците потребни за истражувањето. Тие се обврзуваат да постапуваат во склад со насоките кои ќе ги добијат од главниот истражувач. Доколку не се почитуваат овие начела, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ги раскине склучените договори и ќе бара поврат на уплатените средства.
Спроведување на активностите
За спроведување на активностите од овој повик предвиден е надоместок во бруто износ од 130 евра за целиот ангажман. Дополнително предвиден е и надоместок во форма на дневница за посетување на тренингот за прибирање на податоци. Тренингот ќе се спроведува онлајн во однапред договорен термин заедно со експертот-истражувач. Исплаќањето ќе се изврши откако ќе бидат предадени собраните прашалници врз основа на склучен договор во кој ќе бидат утврдени сите права и обврски на прибирачот на податоци и нарачателот, односно Хелсиншкиот комитет за човекови права – ЛГБТИ Центар за поддршка.
Собирањето на податоците ќе се спроведе во периодот од 7-ми ноември до 30-ти декември.
Начин на пријавување и избор
За пријавување кандидатот треба да достави:
- Професионална биографија со вклучени информации за учество во претходни истражувања
- Пополнет прашалник за прибирачи на податоци (преземи подолу)
* Учеството во претходни истражувања не е услов за избор
Согласно методологијата на истражувањето, предвидено е податоците да се прибираат на принцип на т.н. врсничко истражување (peer research approach) и од овие причини предност ќе се даде на припадници на ЛГБТИ+ заедницата и членови на организации кои работат со оваа популација, со цел да се овозможи полесен пристап до останати припадници согласно методологијата.
Документите за пријавување кандидатите можат да ги достават на е-маил адресата helkom@mhc.org.mk и jovana.jovanovska@mhc.org.mk најдоцна до 31.10.2020 година со назнака „Повик за прибирачи на податоци на истражување за проблемите и потребите на ЛГБТИ луѓето“. За сите дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените меил адреси, како и телефонскиот број +389 2/3119-073.