септември 30, 2020

Повик за експертска позиција за изработка на методологија за спроведување на мониторинг во затвори и установи за лишување од слобода

Хелсиншкиот комитет за човекови права за потребите од спроведување на проектот ,,Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Europe Aid/163963/DD/ACT/MK согласно Договорот за грант потпишан меѓу Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/411-576 имплементиран од страна на двете организации, објавува јавен повик за една експертска позиција за изработка на методологија за спроведување на мониторинг во затвори и установи за лишување од слобода.

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување во казнено-поправните установи и други установи во кои лица се лишуваат од слобода. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците и лицата лишени од слобода за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи и установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечното постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на механизмите за спроведување на внатрешен и надворешен надзор над работата на полицијата и затворската полиција.

Проектот, меѓу другото, вклучува теренски мониторинг посети во казнено-поправни установи, полициски станици и Центарот за странци со цел проценка на усогласеноста со меѓународните стандарди во однос на превенција на тортура и нехуман третман во установите во кои лица се лишени од слобода.

За ефикасно и ефективно спроведување на теренските посети, потребно е развивање на методологија од страна на:

Експерт/ка во областа на кривичното право и пенологија;

 

2. Опис и работни задачи за изработка на методологијата:

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Подготовка на методологија за спроведување на мониторинг во затвори и установи за лишување од слобода.;
  • Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на методологијата. Методологијата треба да ги опфати развиените меѓународни стандарди поврзани со затворите и установите каде што лица се лишени од слобода;
  • Преглед на постоечки релевантни методологии за теренски посети во установи за лишување од слобода;
  • Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет

 

3. Потребни квалификации

  • Завршено високо образование во областа на правото. Завршени постдипломски или докторски студии во областа на кривичното право ќе се сметаат за предност.
  • Најмалку 7 години работно искуство во областа на кривичното право. Работа во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман во казнено-поправните установи ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка и подготовка на методологии
  • Напредно познавање на англискиот јазик
  • Напредни истражувачки и аналитички способности

4. Временска рамка

Eкспертот/ката ќе биде ангажиран/а за 10 работни денови, во периодот окотомври/ноември. За секој работен ден предвиден е надоместок од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност.

5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: helkom@mhc.org.mk со назнака „Пријава за експерт за изработка на методологија за мониторинг посети“. Рокот за аплицирање е до 05.10.2020 година, 17:00 часот.

 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.