Повик за доставување на понуди за изработка на емисија-подкаст
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди.
Потребна е изработка на 8 емисии во форма на видео подкаст (информациите за изработка на подкастот се опишани во табелата под точка 1).
За горенаведениот предмет понудите да бидат испратени најдоцна до 15.05.2023 година (ден) во 17:00 часот, по електронска пошта на jana.sotirovska@mhc.org.mk.
Со оваа покана ви ја доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.
1. Општи информации:
Една емисија е планирано да биде во времетраење oд 30 минути со вклучени 2 или 3 соговорници по емисија. Во текот на 2023 треба да бидат изработени 3 подкасти а во текот на 2024 – 5 подкасти. Изработката на подкастите вклучува снимање, монтажа и продукција во одреден простор. Доставувачот дава предлог решение за простор за снимање на подкастите кој ќе биде утврден согласно потребите на проектот во соработка со проектниот тим за изработка на подкастите. Потребно доставувачот на понудата да поседува целосно своја техничка опрема. Видео подкастите треба да бидат финализирани за прикажување на социјални медиуми: Youtube, Facebook, Instagram. Рокот за изработка на 3 подкасти е на ден 30.07.2023. Рокот за доставување на понуди е 15.05.2023.
Од понудувачот се бара да достави финансиски предлог за изработка на сите подкасти согласно со наведените потреби. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 2 на овој документ.
Ќе биде склучен договор за реализација на предметот на набавката помеѓу Хелсиншкиот комитет за ловекови права и понудувачот чија понуда ја избрана за најповолна. Времетраењето на договорот ќе биде од денот на неговото потпишување од двете договорни страни, па се до исполнувањето на предметот. Составен дел на договорот за реализација на предметот ќе биде понудата на понудувачот, чија понуда е избрана за најповолна. Понудата да биде доставена најдоцна до 15.05.2023 на електронската адреса jana.sotirovska@mhc.org.mk
Цените при наведената понуда да бидат изразени без ДДВ.
2. Критериум за доделување на договорот за набавка
Критериумите за доделување на договорот за набавка се:
· квалитет на понудено решение
· економска понуда
· рок на извршување на обврските
За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсооодветна според горенаведените критериуми.
3. Евалуација на понудите
При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид квалитет на понудено решение ,економска понуда и рок на извршување на обврските. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa.
4. Начин на комуникација
Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат по електронска пошта. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
Напомена: *ПРОЕКТОТ Е ОСЛОБОДЕН ОД ДДВ. ПО ИЗБОРОТ НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНО РЕШЕНИЕ И ПОТВРДА ОД УЈП И СЕП.*