Повик за ангажирање на психотерапевт и психијатар

октомври 1, 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права за потребите од спроведување на проектот ,,Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Europe Aid/163963/DD/ACT/MK согласно Договорот за грант потпишан меѓу Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/411-576 имплементиран од страна на двете организации, објавува јавен повик за ангажман на еден психотерапевт и еден психијатар.

1. Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување во казнено-поправните установи и други установи во кои лица се лишуваат од слобода. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците и лицата лишени од слобода за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи и установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечното постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на механизмите за спроведување на внатрешен и надворешен надзор над работата на полицијата и затворската полиција.

Проектот, меѓу другото, вклучува теренски мониторинг посети во казнено-поправни установи, полициски станици и Центарот за странци со цел проценка на усогласеноста со меѓународните стандарди во однос на превенција на тортура и нехуман третман во установите во кои лица се лишени од слобода.

За ефикасно и ефективно спроведување на теренските посети, особено проценка на потенцијалниот импакт на материјалните услови во затворите и установите за лишување од слобода врз лицата кои што престојуваат во овие установи, неопходно е ангажирање на еден психотерапевт и еден психијатар

2. Опис и работни задачи на психотерапевтот и психијатарот:

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, психотерапевтот и психијатарот ќе бидат ангажирани на теренски посети по потреба. Двете лица треба тимски да работат за проценка, помош и поддршка на лицата сместени во овие установи и ќе треба да ги спроведат следните работни задачи:

  • Да земат учество во мониторинг посетите во затворите и установите за лишување од слобода;
  • Да прават проценка на состојбата во која се наоѓаат лицата сместени во овие установи;
  • Да изготвуваат извештаи за проценката на состојбата на лицата сместени во овие установи;
  • Да одржуваат редовна комуникација и координација со проектниот тим;

 

3.Потребни квалификации за психотерапевтот:

  • Диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС – психологија;
  • Завршено дополнително психотерапевтско образование;
  • Искуство во работење или комуникација со ранливи групи и маргинализирани заедници;
  • Работно искуство во областа на заштитата на човековите права (советување, информирање и работа со граѓани, граѓански активизам, едукација или истражување);
  • Работно искуство од најмалку три години како психотерапевт.

Како предност ќе се смета:

  • Завршени постдипломски студии;
  • Искуство во областа на психолошко советување и заштита;

 

4.Потребни квалификации за психијатарот:

  • Диплома за завршено високо образование – струка психијатрија;
  • Искуство во работење или комуникација со ранливи групи и маргинализирани заедници;
  • Работно искуство од најмалку три години како психијатар.

 

5.Временска рамка

Психотерапевтот и психијатарот ќе биде ангажиран/а за времетраење на проектот. За секој работен ден предвиден е надоместок од 150 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност. Вкупниот ангажман за психотерапевтот и психијатарот изнесува 3.750 евра бруто износ во денарска противвредност.

6.Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: helkom@mhc.org.mk со назнака „Пријава за ангажман на психотерапевт/психијатар“. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Рокот за аплицирање е до 07.10.2020 година, 17:00 часот.

 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.