ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА за изготвување на Извештаj за бесплатна правна помош
март 22, 2024
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на „Унапредување на заштитните механизми за бесплатна правна помош и говор на омраза во Република Северна Македонија“, поддржан од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија, oбјавува повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на извештаj за бесплатна правна помош.
Анализата треба да го опфати давањето на бесплатната правна помош како и сите релеванти квалитативни и квантитативни елементи на истата.
Позиција: Експерт/ка за изготвување на Извештаj за бесплатна правна помош
Одговорности и задачи:
Експертот/та за подготовка на Анализа за ќе ги има следните задачи:
- Анализа на податоци;
- Утврдување и развој на содржината, со вклучени заклучоци и препораки;
- Експертот/ката се ангажира за периодот 04.2024-15.05.2024;
- Соработува со координаторот на проект и експертскиот проектен тим и ги почитува договорените рокови.
Спроведување на активностите
За изработка на Анализата предвиден е надоместок во бруто- износ од 800 долари (во денарска противвредност по курсот предвиден во проектот) за целокупниот ангажман. Исплаќањето ќе се изврши по завршувањето на финалната верзија на документот.
РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
За пријавување кандидадот/ката треба да достави професионална биографија со наведени референци од напишани претходни трудови во бараната област.
Краен рок за доставување на апликациите е 29.03.2024 година.
Апликациите треба да се достават на следната електронска адреса: slavica.anastasovska@mhc.org.mk со наслов „Експерт/ка за изработка на извештај за БПП“.
Апликациите кои нема да ја содржат комплетната документација, нема да бидат земени предвид. Комисијата за избор ќе го извести експертот/тата за конечниот избор најдоцна 8 дена по завршувањето на крајниот рок.
Скопје, 22.03.2024