септември 30, 2020

Повик за ангажирање екперт(ка) за изработка на процедура за стратешко застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот IPA/2019/413-342 „Основите прво – Активен придонес во владеење на правото” поддржан од Европската унија, објавува оглас за ангажирање на експерт/ка за изработка на внатрешни процедури за стратешко застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Целта на оваа активност е да ја надгради работата на Хелсиншкиот комитет во заштитата и унапредувањето на човековите права на најранливите и маргинализирани групи во општеството. Преку ова се очекува Комитетот да продолжи да придонесува кон унапредувањето на правната сигурност и правната пракса во рамки на правосудството.

Во рамки на ангажманот, експертот/ката потребно е да:

  • Утврди концепт и методолошка рамка за изработка на внатрешната процедура,
  • Да понуди концепт за избор на стратешки случаи и нивно соодветно мапирање
  • Да изработи концепт за рана детекција на потенцијални стратешки предмети кои би се следеле до исцрпување на сите домашни правни лекови,
  • Да изработи прирачник за мапирање и избор на стратешки случаи,
  • Да го презентира концептот пред соодветниот правен кадар во Хелсиншкиот комитет и да соработува со проектниот тим.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:

  • Најмалку 7 години активно работно искуство во областа на владеење на правото или човекови права и/или најмалку 3 години во специфичната област наведена во овој повик;
  • Завршени додипломски студии во областа на правото. Магистерска титула во областа и/или докторат во областа на општествените науки ќе се смета за предност;
  • Познавање на работата на Европскиот суд за човекови права, неговата пракса и влијанието врз националниот правен систем.
  • Напредно познавање на методолошките аспекти во правните, политичките и општествените истражувања;
  • Искуство во прибирање и анализа на квантитативни податоци;
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини; и
  • Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални, социјални и културни средини.

 

Рок и потребни документи за аплицирање

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на:

  • CV во word или pdf формат на македонски јазик (не подолго од 3 страници),
  • Предлог-концепт за изработка на процедурите за стратешко застапување не подолго од една страна;
  • Две референци за потврда на експертизата во областа;
  • Временска рамка за изработка на правната анализа (вклучувајќи број на експертски денови); и
  • Финансиска понуда и број на потребни експертски денови.

Рокот за пријавување е до 06.10.2020 година на следната е-маил адреса: helkom@mhc.org.mk и aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk со назнака „Апликација за експерт/ка за изработка на процедура за стратешко застапување“. За дополнителни информации можете да се јавите на 02 3119 073

Постапка за избор на кандидат/ка:

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе формира комисијата и ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосни пријави од кандидатите, нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас.

Вкупниот буџет за овој повик изнесува 800 евра во денарска противвредност. Надоместокот за секоја анализа ќе биде утврден согласно обемот и експертските денови потребни за изработка на правната анализа.