Оглас за соработник/чка на проект

јуни 18, 2019

За потребите на спроведување на своите активности, Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува:

Опис на работни задачи и обврски:

Административно-техничка поддршка на проект;

Комуникација со проектни координатори и проектни партнери;

Поддршка во изработка на проектна документација, архивирање и евиденција и поддршка во организација на настани;

Поддршка во изработка на извештаи кон донатори;

Други обврски кои произлегуваат од проектните активности на Хелсиншкиот комитет.

Потребни квалификации:

Најмалку запишана последна година на додипломски студии;

Добро познавање на англиски јазик;

Компјутерски вештини (Microsoft Office пакет и интернет пребарување);

Добри организациски, комуникациски вештини и тимска работа;

Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

За предност ќе се смета:

Завршено високo образование од областа на општествено-хуманистички науки;

Искуство во управување на проекти, финансиско работење и поднесување на извештаи.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и најмалку две референци и контакт податоци во однос на претходното работно искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и на aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk најдоцна до 26.06.2019, 16:59.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранглиста од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка и ќе му/и биде понуден работен ангажман.Работниот ангажман ќе започне во јули, 2019 година.

Договор за дело:

Со избраните кандидати/ки Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за дело на определено време за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Взаемните права и обврски ќе бидат уредени во Договор за дело. За работното место е предвиден месечен нето паричен надоместок од 15.000,00 денари, со флексибилно работно време (фонд од 80 работни часови месечно). Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РСМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.