март 7, 2023

ОГЛАС ЗА РАКОВОДИТЕЛ/КА НА КАНЦЕЛАРИЈА

Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје објавува оглас за вработување на раководител/ка на канцеларија.

Назив на работно место: Раководител/ка на канцеларија

Краен рок за пријавување: најдоцна до 15.03.2023 до 17:00 часот. Електронска адреса за поднесување на апликацијата: helkom@mhc.org.mk

Апликациите задолжително да бидат со назнака „Оглас за раководител/ка на канцеларија”.

Раководител/ката на канцеларија е одговорен за организација на сите административни работи и работи од техничка природа на Комитетот.

Опис на работни задачи

  • Менаџирање на целокупната пишана и електронска кореспонденција на Здружението со трети лица;
  • Водење на архивирање и заверување на испратени и примени документи и водење грижа за уредноста на деловодните книги;
  • Регрутирање, селекција и склучување договори на нови вработени;
  • Подготовка на документацијата за човечки ресурси и ажурирање на евиденција за персоналот;
  • Водење извештаи за присуство на персоналот и водење на личното досие на вработените;
  • Водење и ажурирање на здравствените и безбедносните политики;
  • Менаџирање на внатрешните односи со персоналот;
  • Менаџирање на распоредот, календарот и состаноците на извршната директорка;
  • Администрирање на седниците на Управниот одбор и Собранието на Комитетот
  • Организирање на различни видови состаноци, обуки и конференции и координирање на домашни и меѓународни патувања, вклучувајќи резервации за летови, хотели и изнајмување автомобили;
  • Обезбедува поддршка за севкупниот развој, координација, организација и имплементација на проектите
  • Подготвува материјали на барање на вработените
  • Води грижа за потребите на канцеларијата;
  • Врши нарачкa на канцелариски материјал и други потребни средства;
  • Учествува во постапките за набавка на сите видови услуги и стоки.

 Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) на општествени науки или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
  • Најмалку две години работно искуство во канцелариско работење
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со Microsoft Office
  • Напредни организациски и комуникциски вештини
  • Развиено чувство за работа со маргинализирани заедници.

 Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 15.03.2023 до 17:00 часот.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

 Договор за вработување :

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време за 2 години, со 3 месеци пробна работа. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. За работното место е предвидена нето плата од 40.000,00 денари месечно. Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83, Скопје.