Оглас за експерт/ка за изработка на фунционална анализа за работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права
март 18, 2020
Application reference: IPA/2019/413-342 Fundamentals first – Active engagement in Rule of Law supported by the European Union
Референца за проектна апликација: IPA/2019/413-342 Основите прво – Активно учество во владеење на правото поддржан од Европската унија
Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото. Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на спроведување на оперативниот грант во областа на правда и владеење на право поддржан од Европската Унија објавува:
ОГЛАС ЗА ЕКСПЕРТ/КА ЗА ИЗРАБОТКА НА ФУНЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ЗА РАБОТАТА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Во контекст на спроведување на Работната програма на Хелсиншкиот комитет за човекови права и со цел понатамошно зајакнување на внатрешната координација во организацијата, Комитетот има потреба од надворешен експерт/ка за изработка на функционална анализа на работата на Хелсиншкиот комитет. Анализата и нејзините наоди треба да се во насока на директно унапредување на организациските капацитети на Комитетот за стратешко планирање, контрола на квалитет на своите производи кон јавноста и носителите на одлуки, како и унапредување на ефикасноста во спроведување на работната и стратешката програма на Комитетот. Од надворешниот експерт/ка се очекува препораки за оптимизација на внатрешните механизми на организацијата, зголемување на ефикасноста и искористување на внатрешните капацитети.
Што се очекува од надворешниот експерт/ка:
– Акциски план за спроведување на функционалната анализа на работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права
– Предлог-методологија за изработка на функционалната анализа и временска рамка за сите предлог-активности и индикатори која ќе вклучува:
o Потребна документација за изработка на функционална анализа на работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права,
o Преглед на организациска поставеност,
o План за прибирање на податоци за перцепција на вработените во организацијата,
o Анализа на информации и евалуација согласно утврдени критериуми од страна на експертот/експертката,
o Анализа и категоризација на организациски функции,
o Подготовка на Извештај од спроведена анализа,
o План за подобрување.
Потребни квалификации:
- Завршени додипломски студии во областа на општествените науки;
- Најмалку пет години работно искуство во спроведување на слични активности граѓанскиот сектор;
- Напредни организациски и комуникациски вештини;
- Компјутерски вештини, со познавање на MS Excel;
- Работа во тим и искуство на докажана работа со партнерски организации; и
- Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.
Дополнителни информации:
Реализацијата на оваа активност ќе се одвива во согласност со развојот на ситуацијата во Република Северна Македонија во контекст на препораките на Владата за справување со Ковид- 19. Финансиската конструкција на оваа активност изнесува 1.500 евра.
Рок и потребни документи за аплицирање:
– Кратка биографија (CV) на македонски јазик (не повеќе од две страници),
– План за работа согласно барањата на овој повик и предлог временска рамка,
– Во кратката биографија потребно е да бидат наведени најмалку две (2) референци и портфолио на работа за претходно спроведени слични активности,
– Финансиска понуда за спроведување на активноста согласно барањата на овој повик,
– Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 25.03. 2019 година до 16:00 часот.
– При доставувањето на апликациите да се наведе име и презиме на експертот/експертката, IPA/2019/413-342 – изработка на функционална анализа.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе формира комисијата за избор на експерт/ка и ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју за што ќе бидат навремено известени. Временската рамка ќе биде взаемно договорена.
За сите дополнителни информации поврзани со овој повик можете да не контактирате на: aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk и ena.bendevska@mhc.org.mk