февруари 17, 2022

Набавка на услуги за софтверско решение за надградба на внатрешната дата база (intranet) за бесплатна правна помош на Хелсиншкиот комитет  

 

Предмет: Софтверско решение за надградба на внатрешната дата база на Хелсиншкиот комитет за бесплатна правна помош www.pravnapomos.com

Јавен повик за потребите на проект „Подобрување на пристапот до права во Северна Македонија“ поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Италија, согласно внатрешните постапки на нарачателот.

 

Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

 

СПЕЦИФИКАЦИЈА НА НАБАВКАТА

Oпис на услугата: Понуда на софтверско решение за надградба на внатрешната дата база на Хелсиншкиот комитет за бесплатна правна помош www.pravnapomos.com, во кое се нуди:

– Тестирање на исправноста на интернет порталот www.pravnapomos.com и предлог за дополнително уредување на порталот елабориран во техничката понуда;

– Надградба на прва страна (front-page) и подобрување на механизмите за генерирање на статистички податоци;

– Воведување нови параметри на анализа и генерално подобрување на оперативноста на дата базата согласно потребите на нарачателот;

– Подобрување на параметрите за генерирање на статистички податоци врз основ на основ на правен проблем, вид на постапка, географска локација, етничка и полова припадност и друго во согласност со потребите на нарачателот;

– Предлог за уредување на панелот „Пријави правен проблем“ на https://mhc.org.mk/baranje-za-besplatna-pravna-pomosh/ ;

– Други активности кои ќе бидат дефинирани во договорот за услуги.

Буџет (бруто): 2.400 ЕУРО во денарска противвредност.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество: Правни и физички лица основани во Република Северна Македонија.

Број на понуди: Еден субјект може да поднесе само една понуда, без разлика во која форма учествува (како индивидуален правен субјект или група на понудувачи). Доколку еден субјект поднесе повеќе од една понуда, сите понуди во кои тој субјект учествува, ќе бидат исклучени.

Подизведување: Подизведување на овој повик не е дозволено.

Период за спроведување на услугата: 3 месеци (вклучително и одржување/хостирање на интернет порталот)

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ

Критериуми за избор:

  • Економски и финансиски капацитет на понудувачот:
  • Да е регистриран како субјект во надлежниот орган (Централен регистар) најмалку една година пред денот кој е определен како краен рок за доставување на понудите;
  • Технички и професионален капацитет на понудувачот кој се докажува со доставување на три референци од претходни нарачатели на слични услуги,
  • Да има најмалку двајца вработени (за правни лица);
  • Да има досие на реализација (односно портфолио) на слични проекти и референци (за физички лица)
  • Во текот на последните четири години да има извршено најмалку две услуги од областа поврзана со бараните услуги;

Евалуација на понудите: Евалуацијата на понудите ќе ја изврши комисија од 3 члена на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Евалуација на понудата Квалитетот на техничката и финансиска понуда ќе се оценува во согласност со критериумите и бодовите содржани во табелата за евалуација на техничката понуда. Ќе се отфрлат понудите кои го надминуваат максималниот износ на буџетот.

Избор на најуспешен понудувач: Економски најповолната понуда ќе биде избрана така што ќе се пондерираат бодовите од техничката понуда и од цената. Потоа се собира пондерираниот износ на бодовите. Ќе биде избран оној понудувач кој добил највисок збир на пондерирани износи набодовите од техничката и финансиската понуда заедно со квалитетот и издржаноста на понудата.

 

ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА

Рок за доставување на понудата: Секој заинтересиран субјект својата понуда ја доставува во форма на концепт-предлог за описот на услугата, најдоцна до 28.02.2022 година.

Техничка и финансиска понуда: Техничката понуда се состои од краток елаборат на предложените активности, додека финансиската понуда се состои од фискалните импликации за секоја активност. За понудата не постои посебен урнек.

Начин на доставување на понудата: Понудата се доставува на електронските адреси: helkom@mhc.org.mk и zoran.vasileski@mhc.org.mk  со назнака: „Понуда за софтверско решение за надградба на внатрешната дата база на Хелсиншкиот комитет за бесплатна правна помош www.pravnapomos.com

Измена или повлекување на понуда: Учесниците на повикот можат да ја изменат и дополнат или повлечат понудата до рокот за доставување на понудите. По овој рок, не може да се повлече или измени понудата.

Јазик: Комуникацијата во врска со оваа понуда треба да биде на македонски јазик.

Други информации: Сите комуникации во врска со повикот, освен доставувањето на понудите, ќе се вршат по електронски пат нa електронската адреса zoran.vasileski@mhc.org.mk