декември 26, 2014

Младински магазин „Има ли будни…“

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка од Амбасадата на Република Германија во Скопје отпочна со реализација на младинскиот е-магазин за човекови права „Има ли будни…“ www.imalibudni.mk . Магазинот има за цел да им овозможиме простор на младите да се изразат слободно и да ги изнесат своите ставови за општеството во кое живееме денес. Магазинот се реализира од страна на извршната канцеларија на Комитетот и алумни членовите на младинската група со посветеноста ќе се грижат првото, а и секое наредно издание да биде соодветно уредено и достапно на повеќе јазици.

Хелсиншкиот комитет би сакал да ги охрабрите младите да пишуваат за нивните проблеми и да бидат креативни во презентирање на решенија или предлози за подобрување на состојбите. Младите се движечка сила на секое општество и нивниот глас е особено важен да биде слушнат. Затоа се надеваме дека во второто издание ќе имаме голем број на ваши текстови, вие кои честопати ги читате нашите извештаи, бидејќи сметаме дека вашето мислење ќе допринесе за развој на слободната мисла и критика.

Во понатамошниот текст проследете ги правилата на пишување како и одговори на можни прашања за поднесување на текст до е-магазинот „Има ли будни…“.

Испраќање на текстови на е-пошта mladinskimagazin@mhc.org.mk до: 12.01.2015 година

Правила на пишување:

  1. * Текстовите да се напишани во ворд документ (word.doc), со фонт калибри, 12, со наслов и структура на текст. Бројот на максимални страници да се движи од 3 до 4.* Автори/ките на текстовите треба да наведат име и презиме. Фотографијата не е задолжителна.* Не е дозволен плагијаризам или било каква друга повреда на авторски права. Авторите да се погрижат за цитирање на изворите на информациите, фото и видео материјалите кои се придружен материјал на текстовите.

    * Не е дозволен говор на омраза или текстови со навредлива содржина по сите основи предвидени со Кривичниот законик на РМ и меѓународно законодавство.

    * Е-магазинот поддржува видео и фото материјали да бидат дел од текстовите. За таа цел ве охрабруваме да бидете креативни и да подготвите информативен текст, став, колумна, истражување, поезија, вест итн. поврзани со младите и човековите права и слободи кој визуелно ќе го збогатите. За видеата ги испраќате линковите со назначено место во текстот каде да бидат внесени. Исто така направете и доколку испраќате фотографии.

    * Е-магазинот би сакал да поддржи текстови објавени на литературен мајчин јазик на сите заедници. Сите текстови кои ги испраќате напишете ги на мајчиниот јазик и на македонски или обезбедете превод на англиски јазик. За текстовите на македонски јазик исто така направете превод на англиски јазик. Доколку не сте во можност да направите превод, наведете го тоа при испраќање на текстот со цел Комитетот да ги преведе текстовите навремено.

    Зад магазинот стои уреднички тим од млади членови и вработени во Комитетот и вашиот текст може да претрпи граматички или лексички промени во комуникација и одобрение од авторот.

    Дополнителни информации, прашања или мислења на: Е-пошта mladinskimagazin@mhc.org.mk