јули 6, 2023

Летна школа за ЛГБТКИ+ политичко лидерство и социјални промени во Северна Македонија

  • Хелсиншкиот комитет и LGBTQ+ Victory Institute ги покануваат заинтересираните кандидати да се пријават на Летната школа за ЛГБТКИ+ политичко лидерство и социјални промени во Северна Македонија. Обуката ќе се одржи во Охрид од 12-ти до 19-ти август 2023 година.
  • Со пополнување на оваа апликација можете да се регистрирате за присуство на Летната школа, а за резултатите од изборот ќе бидете информирани веднаш по завршувањето на постапката за оценување на добиените апликации.
  • Рокот за регистрација завршува на 17-ти јули 2023 година во 23:59 часот по македонско време.
  • Напомена: Апликацијата пополнете ја со еден пребарувач и во една сесија. Платформата не дозволува пополнување со внесување на податоци подоцна. Нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.
  • Темите кои ќе ги опфати оваа школа се во насока на зголемување на капацтитети кај млади лица од 18-30 години за политички активизам и вклучување во процеси за политички и социјални промени во однос на подобрување на животните реалности и можности на ЛГБТИК+ лицата.
  • Оние области кои ќе бидат покриени со оваа Школа опфаќаат знаења од правни промени и потребни знаења од легислативата, политичка еманципација, квир политика и квир култура, присуство на странски предавачи во областа на организирање на заедниците и политичко делување во рамки на политички партии, комуникациски вештини и разбирање на наративи, учења за анти деморкатските движења и мобилизација за уназадување на родовата еднаквост генерално, како и моменталните сосотојби со ЛГБТИ движењето во Македонија. Школата ќе опфати интерактивни сесси, можности за прашања и дискусии, културна програма, предавња од исклучителни професионалци и предавачи, како и различни слободни активности.
  • Стипендија

    Со пополнувањето на Апликацијата аплицирате и за добивање на стипендија за учество на Летната школа за ЛГБТКИ+ политичко лидерство и социјални промени во РС Македонија. Тоа значи дека сите трошоци за превоз, сместување, котизација за учество, оброци и учество во активности организирани како дел од програмата во текот на школата, се на товар на организаторот

  • Профили на учесници

    Хелсиншкиот комитет и LGBTQ+ Victory Institute поттикнуваат млади проактивни лица, по можност oд следниве профили:

  • • Дел од ЛГБТИ+ популацијата
  • • Луѓе со јасна визија и интерес за учество во идните изборни процеси во Северна Македонија.
  • • Заинтересираност за знаења од областа на политичкиот активизам
  • • Лица со потенцијал за лидерство и заинтерсисраност за градење на конекции со полтиички организации и социјални движења
  • • Ангажман за учество во сите активности на Школата, истовремено и во живо и онлајн
  • • Способност за читање и пишување на англиски јазик
  • • Особено ги охрабруваме лезбејките и бисексуалните жени, трансродовите лица, интерсекс лицата, ЛГБТИК лицата кои припаѓаат на етничките групи, лица кои живеат со ХИВ, лицата со попреченост и било која друга малцинска група во рамки на ЛГБТИ+ заедницата, да се пријават.
  • Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации, можете слободно да се обратите на лице за контакт: Елена Петровска, elena.petrovska@mhc.org.mk

Целата апликација може да ја надете на следниот линк