Јавен повик за двајца обучувачи

октомври 6, 2022

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Македонското здружение на млади правници, за потребите на проектот ,,Борба против тортура и нехуман третман” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAid/172218/DD/ACT/MK согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NEAR-TS/2021/429-128 имплементиран од страна на двете организации, објавува јавен повик за двајца обучувачи за спроведување на 2 тридневни едукативни сесии/обуки за вработените во казнено-поправните установи.

Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување во казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установи во кои лица се лишуваат од слобода.  Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците, лицата лишени од слобода како и пациентите во психијатриските установи и нивните семејства за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечкото постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на капацитетите на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи за идентификување и спречување на тортура и малтретирање.

  1. Опис и работни задачи за обучувачите

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, обучувачите ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи

  • Да подготват и достават програма за спроведување на обуките со фокус на меѓународните стандарди и националната легислатива за превенција и борба против тортура и нехумано постапување во казнено-поправните установи и воспитно-поправната установа;
  • Да подготвaт план и практични вежби за спроведување на обуките;
  • Да подготват материјали кои ќе ги испратат до учесниците пред спроведување на обуките;
  • Да спроведат по една обука во траење од три дена;
  • Да подготват методологија за пред и пост евалуација на обуката и
  • Да подготват извештај за спроведената обука.

Обуките ќе се спроведат во две различни групи со по 20-25 учесници и ќе траат по 3 дена за секоја група. Темите, работните материјали и учесниците ќе бидат определени и одобрени во соработка со Управата за извршување на санкции и казнено-поправните установи.

 

  1. Потребни квалификации
  • Завршено високо образование од областа на правото. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман во казнено-поправните установи и другите установи за лишување од слобода;
  • Најмалку 2 спроведени обуки во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман во казнено-поправните установи и другите установи за лишување од слобода;
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини
  • Напредно познавање на англискиот јазик.
  1. Временска рамка и надомест

Обуките е планирано да бидат спроведени заклучно со јануари 2023 година. Конкретните датуми за спроведување на обуките ќе бидат определени во координација со проектниот тим, избраните обучувачи, Управата за извршување на санкциите и казнено-поправните установи.

За обучувачите е предвиден надомест во бруто износ од 150 евра во денарска противредност за еден работен ден.

  1. Постапка и правила за пријавување

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следните е-маил адреси: ina.dzugumanova@mhc.org.mk и helkom@mhc.org.mk со назнака „Пријава за обучувач“. Рокот за аплицирање е до 15.10.2022 година, 17:00 часот.

 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.

2