Јавен повик за ангажирање на консултант/ка за менторство во процес на изработка на излезна стратегија
април 22, 2020
I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот “Support North Macedonia in advancing Rule of Law and Human Rights”.
Една од проектните активности е изработка на излезна стратегија за одржливост на активностите и проектите поврзани со дискриминација и злосторства од омраза. За таа цел Хелсиншкиот комитет го објавува овој јавен оглас за консултант/ка кој/а треба да го менторира и насочува проектниот тим на Хелсиншкиот комитет во процесот на изработка на излезната стратегија.
II. АКТИВНОСТИ И ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАН
Предмет на ангажман на ангажираниот/та консултант/ка ќе биде:
- Менторирање на проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за изготвување на стратегија за одржливост на активностите поврзани со превенција и заштита од дискриминација, со посебен фокус на излезната стратегија за активностите поддржани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
- Давање насоки и препораки на проектниот тим за утврдување на временски рокови за спроведување на стратегијата.
- Давање насоки и препораки на проектниот тим за детално мапирање на идни потенцијални донатори за поддршка на проекти и активности поврзани со превенција и заштита од дискриминација и злосторства од омраза.
- Давање насоки и препораки за утврдување на минимум активности за превенција и заштита на дискриминација и злосторства од омраза кои Хелсиншкиот комитет би ги спроведувал без финансиска поддршка од донатори.
- Постојана комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.
- По потреба комуникација со проектниот тим на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на англиски или македонски јазик, a CV -то итреба да го демонстрира следново:
- Практично искуство од најмалку 3 години во изработка на стратегии на конкретна правна област, вклучително и излезни стратегии за граѓански организации;
- Практично искуство во областа на диверзификација на финансиските средства на институции и организации;
- Искуство од работа со домашни и меѓународни организации.
- Искуство од работа со домашни и меѓународни донатори.
Како предност ќе се смета:
- Искуство со домашни и меѓународни организации и донатори во областа на превенција и заштита од дискриминација и злосторства од омраза.
IV. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Консултантот/ката се ангажира за 5 работни денови (по 8 часа) во период од 11.05.2020 до 31.08.2020, со динамика која ќе биде дополнително утврдена во договорот за ангажман.
V. НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 250,00 евра во денарска противвредност согласно курсот одреден од страна на донаторот на денот на исплатата.
VI. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните треба да достават апликации на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и igor.jadrovski@mhc.org.mk со назнака „Koнсултант/ка за менторство за изработка на излезна стратегија” најдоцна до 03.05.2020 година.
За сите дополнителни прашања можете да се обратите на igor.jadrovski@mhc.org.mk