Хелсиншкиот комитет иницираше официјална посета на казнено поправниот дом Идризово
септември 11, 2017
По иницијатива на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, заедно со Народниот правобранител, денес се оствари посета на казнено поправниот дом Идризово од страна на премиерот Зоран Заев, како и делегација од односните ресори во Владата на РМ.
За време на посетата, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска истакна повеќе аспекти на лошото функционирање на овој кривично поправен дом и воопшто на затворскиот систем во државата, како корупцијата и тоа дека менаџирањето на затворите не смее да биде повеќе политичка одлука:
„Проблематично е што и понатаму се продолжува со поставување на луѓе, партиски луѓе, на функции како што е на пример затворот Идризово. Еднаш засекогаш треба да сфатиме дека со оваа деликатна категорија на луѓе не можат да се справат луѓе дојдени, кои што работеле во јавно претпријатие за шуми.“
„Еднаш за секогаш треба да се реши корупцијата, особено во затворот Идризово.“
Повеќе во следниот видео-прилог: