декември 28, 2022

Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор!

Сѐ поголемото користење на дигиталните технологии носи со сeбе позитивни, но и негативни искуства.
Развојот на средства за злоупотреба и прекршувањето на правата се едни од работите со кои луѓето во дигиталниот свет често се соочуваат, а не се свесни за овие активности.
Цензурата на интернетот, нарушувањето на приватноста на граѓаните и дискриминацијата, како и говорот на омраза по различни основи значат прекршување на човековите права во дигиталниот свет!
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор.
Пријави прекршување на дигиталните права и слободи!
Загрозувањето на безбедноста или испраќањето на закани, по информатички пат, дека некој ќе стори кривично дело против некое лице поради припадност на одреден пол, раса, боја на кожа, род, етничка припадност, сексуална ориентација, родов идентитет, социјално потекло, религија, ментална или телесна попреченост, имотен статус, или било која друга основа се смета дека го нарушил ПРАВОТО НА СИГУРНОСТ.
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор.
Пријави прекршување на дигиталните права и слободи!
Доколку се соочувате со заканувачка содржина или загрозување на вашата безбедност можете да ги пријавите овие кривични дела во најблиската полициска станица или на и-мејлот на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на cybercrime@moi.gov.mk.
Исто така можете да побарате и бесплатна правна помош во Хелсиншкиот комитет за човекови права 02 3119 073 | 072 278 436 | helkom@mhc.org.mk
Говор на омраза во дигиталниот простор е секој начин на изразување кој промовира омраза кон едно или повеќе лица поради нивните лични карактеристики или припадноста кон одредена група или заедница.
Секој може да биде жртва на говор на омраза поради својата боја на кожа, раса, етничка припадност, сексуална ориентација и родов идентитет, религиско уверување или друга карактеристика заштитена со закон.
Говорот на омраза генерално настојува да ја осуди или обесчовечи индивидуата или групата и исто така да изрази гнев, омраза, да предизвика насилство или презир кон нив.
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор.
Пријави прекршување на дигиталните права и слободи!
Вознемирување, како и сексуално вознемирување во дигиталниот простор е секое несакано постапување кон лице или група лица поради нивната боја на кожа, раса, етничка припадност, сексуална ориентација и родов идентитет, религиско уверување, или друга карактеристика заштитена со закон и има за цел или последица да го повреди достоинството на личноста, да ја понижи или да создаде застрашувачка средина.
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор!
Пријави прекршување на дигиталните права и слободи!
Говорот на омраза и дискриминацијата потекнуваат од предрасудите, па доколку се соочувате со било каква форма на предрасуда како во физичкиот, така и во дигиталниот свет пријавете во Хелсиншкиот комитет за човекови права
(02 3119 073 | 072 278 436 | helkom@mhc.org.mk) или директно на мејлот на Секторатот за компјутерски криминал и дигитална форензика на cybercrime@moi.gov.mk.
Под навреда и клевета се подразбира акт во кој одредено лице има намера да омаловажи друго лице преку изјави, однесување, објавување или друго омаловаживачко или понижувачко тврдење со цел да ја повреди неговата чест или углед или изнесува или пронесува невистинити тврдења за факти што се штетни за честа и угледот на друго лице, а знае или можел да знае дека се невистинити, пред трето лице.
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор!
Доколку некој ги наруши вашата чест и углед во дигиталниот простор имате право да поведете граѓанска постапка пред надлежен суд.
Побарајте повеќе информации во форма на бесплатна правна помош од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
02 3119 073 | 072 278 436 | helkom@mhc.org.mk
✔️Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата
✔️Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање
✔️Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации
✔️Се гарантира правото на одговор и исправка во средствата за јавно информирање
✔️Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање
✔️Цензурата е забранета
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор!
Секое прекршување на овие слободи и права претставува прекршување на човековите права.
Доколку некој ги прекршува вашите човекови права пријавете во најблиската полициска станица или во Хелсиншкиот комитет за човекови права 02 3119 073 | 072 278 436 | helkom@mhc.org.mk
Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува врз основа на идентификатор како што се име, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, мрежен идентификатор, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор!
Поимот заштита на личните податоци произлегува од основното човеково право-право на приватност.
Нашата приватност е загрозена во случај кога нашите лични податоците во дигиталниот простор не се соодветно заштитени, или ако се протечени или злоупотребени.
Пријавете злоупотреба на вашите лични податоци во Дирекцијата за заштита на лични податоци или во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на cybercrime@moi.gov.mk!
Компјутерска измама најчесто се случува за да се стекне противправна имотна корист со внесување во компјутер или информатички систем невистинити податоци, со менување, бришење или прикривање на компјутерски податоци, со фалсификување на електронски потпис или друга активност која предизвува невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците.
Биди свесен за твоите права во дигиталниот простор!
Доколку се сомневате дека вашата приватност и пристапот до лични податоци се загрозени или дека некој ги поседува, обработува и користи вашите лични податоци без ваша согласност, можеби сте жртва на компјутерска измама❗
Пријавете во најблиската полициска станица или во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на cybercrime@moi.gov.mk