јуни 3, 2020

Прирачник за практиката на Европскиот Суд за човекови права

Мрежата за заштита од дискриминација го објави новиот „Прирачник за практиката на Европскиот Суд за човекови права“, кој се однесува на примената на практиките и заштитата од дискриминација.

Целта на овој текст е да ги прикаже поновите случаи за кои Судот има донесено одлуки, а кои се однесуваат на дискриминација врз основа на: род, сексуална ориентација, родов идентитет, здравствена состојба, политичко уверување, етничка припадност, раса и попреченост.

Се надеваме дека студијата ќе биде корисна алатка за адвокатите, судиите, јавните обвинители, правниците и луѓето ангажирани во институциите и граѓанските организации кои се соочуваат со правни прашања поврзани со дискриминација, за тие полесно да можат да ги применуваат стандардите на Судот и истовремено да ги штитат граѓаните од дискриминација.

Авторки на прирачникот се: Маргарита Глигуроска од ХОПС, Александра Цветановска од Македонско здружение на млади правници и Јована Јовановска од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Главна уредничка е Наташа Бошкова од Коалиција Маргини.

Документи