Правосудството и темелните права во Република Македонија
Публикацијата „Правосудството и темелните права во Република Македонија“ произлезе од проектот „Мрежа 23“, што го реализираа Институтот за европска политика – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени. Проектот „Мрежа 23“ е структуриран придонес на граѓанското општество во следењето и оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.
Од прес-конференцијата на Хелсиншкиот комитет и Институтот за европски политики
Денес се одржа завршната прес-конференција од проектот „Мрежа 23“ за да се споделат завршните резултати од овој проект кој претставува обид за структуриран начин за следење на јавните политики. За време на прес-конференцијата беа 1) презентирани завршните резултати од проектот и претставени од страна на Симонида Кацарска, истражувачки координатор во Институтот за европски политики (ЕПИ) и 2) беше потенцирана важноста од подготовка на ова анализа („Правосудството и темелните права во Република Македонија“) и служењето со истата во претстојниот период од страна на Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК).
Проектот „Мрежа 23“ е дел од прва група на проекти во рамки на претптристапната помош на Европската Унија за граѓанското општество во Македонија. Тој претставува структуриран механизам за мониторинг на Поглавјето 23 од Извештаите за напредок кои ги подготвува Европската комисија, а се однесува на правосудство, спречување на корупција и темелни права. Изборот да се даде посебно значење на ова поглавје е што самото по себе е клучно за земјите-кандидатки во однос на демократизацијата на истите, а и фактот што ова поглавје прво се отвора и последно се затвора во предпристапниот период. Со цел да се подготви граѓанскиот сектор за мониторинг на ова поглавје и активностите на национално ниво, поврзани со истото, беше извршено регрантирање и беа вклучени уште десет национални и локални организации со посебни области на интерес кои се опфатени со Поглавјето 23, покрај МХК, ЕПИ и Центарот за управување со промени. Траењето на проектот од 15 месеци значеше вмрежување и градење на капацитетите на сите организации кои беа вклучени во проектот, како и усвојување на стратегија и кодекс од страна на сите 11 организации од кои е сочинета Мрежата 23, заради олеснување и координирање на понатамошната работа на овие организации во правец на евалуација на Поглавјето 23.
Неопходноста од ова мрежа сега, имајќи ги предвид актуелните политички процеси, се покажа поголема од пред две години, кога и се правеа првите планови за истите. Тоа е значајно да се напомене, бидејќи се создаде ресурсен центар кој може да биде на располагање и на Европската унија и на Македонија. Дополнително, преку организираната конференција во рамки на проектот беа посочени и опфатени регионалните искуства на Црна Гора, Хрватска и Бугарија.
На линија на важноста од подготвувањето и служењето со анализата, беше истакната главната придобивка и создавањето на организниран фронт на граѓански организации кои се вклучија во илустрацијата на состојбите и реагирање наспроти истите.
Дополнително, истовременото објавување на анализата со анализата на Прибе посочи и на поклопувачките забелешки од страна и на македонските граѓански организации, но и оние на Прибе.
Имено, и во двата значајни текста беа опфатени партизираноста на институциите, селективата правда и непостоењето на независно судство, следењето на комуникациите и нарушувањето на правото на приватност, како и нарушувањето на слободата на изразување и медиумските слободи како едни од најсериозните отежнувачки околности при консолидирањето на македонската демократија.
Во таа смисла, се навраќаме и на основната препорака на Прибе за воспоставување на специјален јавен обвинител во периодот кој претстои и треба да се оточне со решавање на политичката криза, бидејќи само оставката на ова владеачка гарнитура нема да биде доволна, односно амнестијата за истата ќе значи дека на долг рок ќе биде оневозможена демократизацијата на македонското општество и држава. Тоа е значајно затоа што има влијание на сите области кои ги третира поглавјето 23.
Анализата како конклудентен документ на проектот „Мрежа 23“ е значаен и внатрешно за граѓанскиот сектор, кој успеа во овој период на политичка криза да се консолидира и ги постави своите „црвени линии“ кои токму се однесуваат на наводите од анализата. Имено, анализата понатаму ќе претставува добар начин за мониторинг на делот со правосудството, корупцијата и темелните права, бидејќи политичката криза нема да заврши само со менаџирањето на конфликтите помеѓу двете најголеми политички партии, односно борбата за слобода и понатаму ќе го подразбира критичкото и конструктивното делување на граѓанските организации.