декември 15, 2020

Правно мислење за мерките од областа на социјалната заштита, пристапот до правда и ефектот од нивната примена врз жените жртви на семејното насилство во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19

Со прогласувањето глобална пандемија од страна на Светската здравствена организација поради состојбата со Ковид-19, државите ширум светот се соочија со сериозна здравствена криза која остава длабоки последици врз економијата, здравствената заштита, социјалната заштита, пристапот до правда и почитувањето и заштитата на основните човекови слободи и права.

Во услови на криза, државните капацитети се насочуваат кон одговор на здравствените предизвици, здравствените установи се оптоварени и трошат огромен дел од расположливите ресурси. Со тоа, на површина излегуваат сите дотогашни недостатоци на системот и неговото функционирање, се појавуваат нови предизвици а можноста да се одговори на веќе постоечките, станува уште подалечна.

На ризикот од повреда на основните човекови слободи и права поради состојбата со Ковид-19, предупредија и меѓународните тела за човекови права. Во услови на криза, повредата на човековите права не мора нужно да подразбира нивно директно прекршување, туку и занемарување, односно неводење доволно сметка за сите различности кои се дел од системот и треба да бидат вклучени при донесување одлуки и спроведување мерки за справување со кризата. Принципите на еднаквост и недискриминација подразбираат интерсекциски пристап кон создавањето на мерките – дури и најмалубројната група да не биде заборавена.

Документи