декември 15, 2020

Правен осврт и мислење по однос на опфатот на паричниот надоместок поради привремена невработеност

Уставот на Република Македонија од 1991 година е пишуван според моделите на либерал-демократските општества, очигледно од темелните вредности како правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото. Сепак, истовремено Уставот продолжува да ги гарантира социјалните права како придобивка на поранешниот социјалистички систем. Социјалните права се сега ставени во друга рамка, како дел од концептот за социјална држава на благосостојба на актуелниот капиталистичкиот систем. Затоа, иако Уставот претрпе низа измени со преку 36 амандмани во речиси 30-те години од неговото постоење, сепак следните уставни членови останаа непроменети:

Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.

Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се хуманизмот, социјалната правда и солидарноста.   

Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. 

Ова правно мислење е мотивирано од состојбите на пазарот на трудот во последните 12 месеци, период кога епидемијата со коронавирусот ја засили економската криза што предизвика драстично зголемување на невработеноста. Имено, заклучно со 28.2.2021 година, евидентирани се 18266 невработени лица5, за кои престанокот на работниот однос, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11.3.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од COVID-19.

Документи