декември 15, 2023

Политики за ефектите од намалувањето на политичкиот простор за граѓанското општество – Негативни ефекти од антифеминистичките политики и анти-родовите движења

Како продолжение на напорите на Хелсиншкиот комитет за човекови права во справувањето со негативните ефекти од антифеминистичките политики и антиродовите движења кои сè повеќе ги зајакнуваат нивните антидемократски и популистички дејствија, извештајот што го изработи Сара Миленковска, е резиме на тие напори што се рефлектираат во организирањето на дискусии, како и следење на порастот на тие ефекти во Северна Македонија. Овој извештај е изработен како дел од регионалниот проект во соработка со „Граѓанска солидарност“.

Анти-родовите движења се претставуваат како формални и неформални здруженија на граѓани, кои активно дејствуваат преку пропагандни кампањи, политичка мобилизација против родовата еднаквост како концепт, вредност и постулат на едно општество. Тие најмногу го користат наративот дека се претставници на загрижени родители, иако ретко го покажуваат својот вистински личен идентитет (стратегија на симболиката на обичните граѓани и тивкото мнозинство), а всушност се вмрежени на наднационално ниво со организации, верски здруженија и политички партии.

Антиродовите движења имаат длабоко влијание врз македонското општество. Важно е да се напомене дека во јавната сфера постои зголемено разбирање за негативното влијание и безбедносните закани од анти-родовата политика, на пример, првичните состаноци беа направени во 2022 година во декември, каде што беа присутни само неколку активисти и невладини организации, но до крајот на овој проект во 2023 година, и невладините, институциите и медиумите се обидуваат да создадат колективен напор во отпорот на регресот на македонското општество. Ова е добар напредок, но од друга страна, подемот и влијанието Антиродовите движења и политики ја зајакнаа својата позиција и направија институционални промени со бришење на родовата еднаквост на локално ниво и запирање на процесот на донесување на Законот за родова еднаквост. Десничарските агенди постојано го гледаат феминизмот, родовата еднаквост и антирасизмот како проблематични, искористувајќи ги чувствата против „антиродовите“, антифеминистичките и антимигрантските прашања за да се собере поддршка за националистички, културни, религиозни или политички причини. Во моментов, постои глобален пораст на „анти-родови“ напади, кои се манифестираат во насилство насочено кон феминистките, ЛГБТКИ+ заедниците и институционализацијата на феминистичката теорија на универзитетите, невладините организации и владите.

Овој бран на „антиродова“ агресија е исто така испреплетен со верски, етнички, културен и националистички  фундаментализам во различни контексти. Во овие поставки, родовата еднаквост често се оцрнува како странски концепт поврзан со зголемената миграција, либерализацијата или западнизацијата.

Во извештајот има посебен осврт на засегнатите страни во улога на создавање простор за продолжување на напорите за родова еднаквост, влијанијата врз маргинализираните заедници, ограничувањата на слободата на здружување, слободата на говорот или слободата на собирање.

Меѓу препораките од овој извештај се: мапирање и создавање на сеопфатна листа на поддржувачи и сојузници; развој на нова терминологија и дискурс; консолидација на Платформата за родова еднаквост; демаскирање на антиродовите актери; промоција на придобивките од родовата еднаквост и целни комуникациски стратегии.

Документи