декември 15, 2020

Обдусман + механизам за контрола на полицијата во Република Северна Македонија

Постоењето на независeн и ефикасен механизам за контрола на работата на полицијата е стандард кој произлегува од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и нејзиното прецедентно право. На ова становиште се и наодите на Комитетот за превенција од тортура (КПТ), како и мислењето на Комесарот за човекови права на Советот на Европа во однос на независното и ефикасно одлучување по жалбите против полицијата. Овие механизми мора да бидат реално независни, отворени за увид на јавноста и да може да донесуваат правно обврзувачки одлуки.

Состојбата во однос на човековите права во Република Северна Македонија во континуитет се набљудува од меѓународни и домашни субјекти, како КПТ, Европската комисија, ОБСЕ, Амнести интернешенел, Државниот секретаријат на САД, во последно време и од Глобалната иницијатива, како и извештаите на Народниот правобранител/Националниот превентивен механизам и невладините организации за човекови права кои работат на жалби за полициски злоупотреби. Извештаите кои се однесуваат на Македонија, а особено извештајот на Прибе (2015), силно сугерираат дека контролните механизми над телата за спроведување на законот не содржат ефикасен надворешен механизам. Отсуството на надворешен контролен механизам е сериозен недостаток на инструмент за демократска контрола, одговорност и отчетност на власта.

Документи