„Моите права како бегалец“ – брошура за правата на бегалци
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија изработи брошура насловена „Моите права како бегалец“ која ги содржи најважните членови за основните човекови права и слободи гарантирани со Европската конвенција за човекови права и правата предвидени во Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите Нации, донесена во 1951 година.
Таа е наменета да ги запознае бегалците со нивните права и слободи кои треба да им се гарантираат од страна на државите низ кои транзитираат или бараат азил, а се потписнички на овие два меѓународни документи. Со цел да биде достапна и разбирлива за бегалците кои потекнуваат од различни земји, брошурата е преведена на Арапски, Персиски (Фарси), Француски и Англиски јазик.
„Оваа публикација е овозможена со поддршка од Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ) во рамките на проектот „Подобрување на правната заштита за мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“. Содржината на публикацијата е одговорност на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и не ги изразува ставовите на ФООМ“.