Извештај од регионално мониторирање
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Албанскиот Хелсиншки комитет, Косовскиот центар за рехабилитација жртви на тортура и Српскиот Хелсиншки комитет го спроведе проектот „Регионално дејствување за подобрување на третманот кон лицата со ментални здравствени проблеми“, поддржан од страна на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Министерството за надворешни работи.
Во рамките на проектот беа спроведени по две заеднички мониторинг посети на психијатриски установи во Македонија, Србија, Албанија и Косово, како и индивидуални мониторинг посети во сопствените земји на сите партнерски организации.
Во Република Македонија, беа посетени следните институции: Специјална психијатриска болница – Скопје (Бардовци), Специјална психијатриска болница Демир Хисар и Специјална психијатриска болница во Негорци.