Детска сликовница „Зиги“
Со огромно задоволство Ви ја претставуваме електронската верзија од детската книга „Зиги“.
Ѓорѓи Десподов, уредник и илустратор на книгата сака да го сподели следново:
„На сите осамени деца на планетата земја.
Во време и место каде што неприфатеноста е се повеќе присутна и е проследена со физичко и вербално насилство потребна е литература која што ќе стимулира љубов и гледање во себе како и прифаќање на својата единственост.
Во нашите животни процеси и искуства учиме дека се додека не ја прифатиме својата различност не можеме да бараме истата да биде уважена од другите.
Сите возрасни некогаш биле деца и затоа оваа книга не се однесува само на одредена возрасна популација. Зиги е приказна за сите деца и за секој оној кој сака да се потсети како е да се биде дете, секој oној кој барем еднаш во своето постоење се почувствувал неприфатен и отфрлен.”
Тимот кој работеше на книгата е следниов:
Уредник: Ѓорѓи Десподов
Текст: Maрија Десподова
Илустрации: Ѓорѓи Десподов
Лектор: Весна Костовска
Техничка подготовка: Ѓорѓи Десподов
Издавањето на книгата беше овозможено преку проектот Млади ативисти за промена (МАП), кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Мислењата и ставовите произнесени во книгата не мора задолжително да ги изразуваат официјалните ставови на донаторот ниту на спроведувачот.